Лука Дончиќ е лидер на теренот, но Словенецот се покажува како предводник на ЛА Лејкерс и надвор од него, откако повторно ја импресионираше американската јавност со одлуката новогодишно да ги дарува сите свои соиграчи и луѓето поврзани со стручниот штаб и персоналот што се грижи за тимот на „езерџиите“.
Тоа е традиција што Дончиќ ја почна како играч на Далас маверикс, а сега ја продолжи и како ас на ЛА Лејкерс, купувајќи специјални електрични велосипеди.
Секој кошаркар доби специјален модел „Pedal All-Wheel Drive“ што чини околу 3.300 долари, додека персоналот од клубот доби нешто послаби верзии, по цена од 2.300 долари.
„Мислам дека купил вкупно 103 велосипеди, и тоа од топ-класа. Возбуден сум бидејќи сега со ваков велосипед без проблем можам да се возам до плажата. Во секој случај, прекрасен гест од Лука, момците уживаа при добивањето на вакви подароци, изјави тренерот на ЛА Лејкерс, Џеј-Џеј Редик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

