Лука Дончиќ ќе мора да плати 4.500 евра за своето непристојно однесување и за непочитување на судиите, одлучија надлежните во Евролигата.
Младиот словенечки кошаркар во вторникот избувна на судиите кои му досудија намерна лична грешка. Тој жестоко им приговараше на судиите, а потоа „шутираше“ по тунелот на излегувањето од терен во текот на натпреварот против Валенсија.
„Лука е млад, се случува. Тој заслужи казна, но и судиите мора да водат сметка за своите одлуки“ – рече тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо.
Лука Дончиќ е убедливо најкорисен играч во Евролигата по 13 одиграни кола, со просек од 19,4 поени, 5,6 скока и 4,2 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА