НБА мегаѕвездата Лука Дончиќ потврди дека ќе настапи за својата Словенија на престојниот Евробаскет кој ќе се одржи во 2025 година.
Како што вели еден од најдобрите кошаркари на денешницата, за него е чест да игра за својата татковина.
„Едвај чекам да играм за мојата татковина. Гордост, чест и радост е да играш за својата држава. Јас ќе го направам тоа“, изјави Дончиќ по триумфот на неговиот Далас против Вашингтон.
Постои шанса Дончиќ да игра за татковината пред своите навивачи бидејќи Словенија е една до државите кои изјави желба да го организира Евробаскетот во 2029 година.
„Тоа би било остварување на сонот. Да играм пред моите сонародници на еден голем турнир каков што е Евробаскетот“, додаде Дончиќ.
25-годишниот се уште нема пропуштено турнир со Словенија. Тој ја претставуваше својата татковина на Евробаскетот во 2017 година, олимписките квалификации и Олимпијадата во Токио во 2021 година, Евробаскетот во 2022 година, Светското првенство и олимписките квалификации во 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА