Веќе извесен период во НБА круговите се шпекулира со можноста Лука Дончиќ да се пресели во редовите на ЛА Лејкерс, иако се чини е нереално сето тоа поради цврстиот договор кој го има со Далас.
Но, ако го прашате седумкратниот шампион и поранешен „езерџија“, Роберт Ори, тоа не би требало да се случи.
„Колку ќе има години кога ќе му заврши договорот? 31, 32? Ни сега не спаѓа меѓу најдобрите одбранбени играчи во лигата, а тоа е она што е проблем на Лејкерс. Тие мора да носат атлетски силни играчи кои играат добра одбрана, а Лука не е тоа. И прво некој треба да го земе пивото од неговите раце ако сака во Лејкерс, затоа што тој не е тип на играч кој останува во форма. Тој не им е потребен на Лејкерси“ – вели Ори.
Далас минатата сезона играше во финалето на НБА Лигата и загуби со 4-1 од Бостон. Словенецот минатата сезона во просек бележеше 33,9 поени, 9,2 скока и 9,8 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА