Дончиќ ќе пропушти шест средби, но ќе биде здрав за олстар-викендот

Лука Дончиќ не можеше да му помогне на Далас на синоќешниот дуел со Хјустон, а паузата на Словенецот нема да биде кратка бидејќи тој нема да може да настапи уште на најмалку пет средби поради проблемот со скочниот зглоб.

Тренерот на Маверикс, Рик Карлајл, обелодени дека повредата не е наивна, но очекува Дончиќ да се врати за олстар викендот кој стартува на 14 февруари.

„Тој нема да може да ни помогне на шест натпревари. Мислам дека ќе биде здрав за олстар викендот. Не знам дали ќе биде 100%, но ќе може да учествува на овој настан“, изјави Карлајл.

Дончиќ веќе пропушти четири средби поради повреда на скочниот зглоб во декември, при што Далас забележа две победи и два порази без својот најдобар кошаркар во тимот.

Се вчитува...