Лука Дончиќ и официјално е претставен во Лос Анџелес Лејкерс. На првата медиумска конференција одржана во тренинг центарот на Лејкерси, Дончиќ ги откри впечатоците по шокантниот трансфер.
Словенечкиот репрезентативец се огласи за трејдот кој го шокираше светот. Тој зборуваше неколку зборови за Далас и времето поминато со Мевс, а најмногу за новиот клуб, каде што ќе има можност да ја дели соблекувалната со својот идол од детството – Леброн Џејмс.
„Сите беа изненадени од трејдот, а можете да ме замислите како ми беше мене. За малку ќе заспав кога добив повик. Прво не можев да поверувам. Мислев дека тоа е првоаприлска шега! Тотален шок! Првиот ден ми беше особено тешко. Но сега ќе играм за најголемиот клуб во светот и среќен сум поради тоа. Играњето за Лејкерс ќе биде голема мотивација. Возбуден сум поради оваа можност“, рече Словенецот.
Тој е возбуден што ја дели соблекувалната со Леброн Џејмс.
„Тоа е како остварен сон. Отсекогаш сум го гледал, има толку многу работи што можам да научам од него и со нетрпение очекувам да го споделам зборот со него. И двајцата имаме висок коефициент на интелигенција, сакаме да им помогнеме на нашите соиграчи и верувам дека ќе се вклопиме“, изјави Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

