Дончиќ: Мене Лејкерс ме пуштија, а Милано не сака да го пушти Чанчар

Лука Дончиќ имаше само два тренинга со словенечката репрезентација, а веќе во петок ќе го има својот прв подготвителен натпревар со својот тим против германската репрезентација.

Тој рече дека не се сомнева дека секогаш ќе игра за Словенија кога е здрав и дека „сите го знаат тоа“. Сепак, некои играчи не се во репрезентацијата, Влатко Чанчар и Џош Нибо нема да можат да и помогнат на Словенија на Евробаскетот.

„Немам за што да се жалам. Тоа е одлука на клубот. Лејкерси ми дозволија да играм, но Mилано не ги пушти Влатко и Џош. Подобро би било да не се мешам. Тоа треба да биде одлука на играчот“, вели Дончиќ.

Се вчитува...