Дончиќ мораше итно да го напушти ЛА и да замине за Словенија

Лос Анџелес Лејкерс имаат три последователни гостувања пред себе, но Лука Дончиќ нема да биде присутен на првиот, на кој ќе се сретнат со Торонто. Дончиќ ќе го пропушти натпреварот поради одлични вести.

Лука отпатува во Словенија за да присуствува на раѓањето на своето второ дете. Ќерката на Дончиќ, Габриела, неодамна го прослави својот втор роденден, но тој не можеше да биде со неа.

Лејкерси му дадоа дозвола на Словенецот да отпатува. Засега е познато дека ќе го пропушти натпреварот со Торонто, а неизвесно е дали ќе се врати во САД на време за дуелот со Бостон.

Се вчитува...