Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ од сезона во сезона се повеќе го прикажува напаѓачкиот арсенал со кој располага. Изминатата сезона 25-годишникот го предводеше Далас со речиси просек од „трипл-дабл“ до големото финале, но и покрај тоа тој е мета на критичарите во САД поради лошата игра во одбраната.
Последен кој говореше на темата Лука Дончиќ е легеданриот Мајкл Купер, некогашниот славен бек кој играше заедно со Меџик Џонсон и Карим Абдул Џабар во ЛА Лејкерс, а и освои пет титули во периодот помеѓу 1980 и 1988 година.
„Да, тој има просек од трипл-дабл речиси на секој натпревар, но е преспор. Може лесно да постигна поени, но е мрзлив и не игра одбрана. Такви играчи немаат место во моја екипа“, изјави Купер на американски подкаст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА