Дончиќ најде нов „Словенец“ во ЛА Лејкерс

Словенечката кошаркарска репрезентација наскоро ќе добие нов натурализиран кошаркар во името на Џексон Хејс кој беше одбран како осми пик на драфтот во 2019 година.

Станува збор за 25-годишен центар кој во моментот е дел од ЛА Лејкерс каде игра рамо до рамо со Лука Дончиќ и бележи просек од 6.4 поени и 3.9 скокови за 18 минути во просек поминати на теренот.

Процесот на натурализација е во завршна фаза и тој се очекуба да биде дел од репрезентацијата на Словенија за квалификациите за Светското првенство кои ќе се одржат во јули и август.

Се вчитува...