Далас Маверикс останаа без место во плеј-офот на НБА лигата. Тимот кој имаше 60 отсто шанса за пласман во разигрувањето на титула пред трејдот за Кајри Ирвинг на крајот сезоната ја заврши на 11. место на табелата.
Проблематичната сезона донесе и шпекулација за можно заминување на најдобриот играч на тимот, Лука Дончиќ. Словенецот ја отфрли истата велејќи дека е среќен каде што е, но додаде сепак нешто мора да се промени.
„Јас не го реков тоа, тоа го прочитав. Некој кажал дека сакам да си одам, но тоа не сум јас. Среќен сум што сум тука и нема причина за грижа. Од друга страна, нешто мора да се промени, тоа е сигурно. Претходната година бевме во финалето на Западната конференција, бев воодушевен со атмосферата во тимот“, вели Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

