Дончиќ не може сам против Јута, Никола Јокиќ за историја (ВИДЕО)

Неверојатна вечерв во НБА лигата. Лука Дончиќ едноставно не може сам против тимот со најдобар скор во лигата Јута Џез која го совлада Далас со 120-101. Недоволни за Мавс беа 25 поени, надополнети со шест скоака и седум асистенции. Кај победникот Бојан  Богдановиќи заврши со 32, додека Мајк Конли уфрли 22.

Никола Јокиќ се запиша во историските книги на НБА лигата во поразот на неговиот Денвер од Сан Антонио со 119-109. Србинот кој го одигра својот 400 натпревар во НБА со 35 поени и 10 скока го забележа 19 дабл-дабл во исто толку натпревари сезонава и доколку и следниот меч дојде до ваков учинок ќе  биде првиот по Бил Волтон во сезоната 1976/1977 кој успеал да го направи тоа во воведните 20 натпревари.

 

Џејмс Харден со нов трипл-дабл во кариерата од 25 поени, 11 асистенции и 10 скока го предводеше Бруклин до победа над Оклахома Сити Тандер од 125-147. Кај Тандер единствен расположен беше Шон Гилџс Александер со 24 поени.

Пол Џорџ и Кавај Ленард се вратија во таборот на Клиперс во победата над Орландо од 90-116. Пол Џорџ уфрли 26 поени, додека Кавај го следеше со 26. Лесна победа забележа и најдобриот тим во Источната конференција Филаделфија 76 на гостувањето кај Минесота 94-118. Џоел Ембид повторно имаше неверојатна партија во која уфрли 37 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Њу Орлеанс – Индијана 108-105, Вашингтон – Атланта 100-116, Њујорк – Кливленд 102-81, Торонто – Сакраменто 124-126, Њу Орлеанс – Милвоки 131-126 и Сан Антонио – Денвер 119-109.

Се вчитува...