Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс не се претставија најдобро во првиот натпревар од првото коло на плеј-офот, бидејќи на домашен терен загубија со 95-117 од Минесота.
Во првата четвртина немаше знак за дебакл на Лејкерси, бидејќи „езерџиите“ водеа со 28:21, но „волците“ одиграа одлично пред полувремето. Направија серија од 0:9 за водство, а потоа предноста се зголеми на 11 поени на големата пауза – 48:59.
Третиот дел им припадна на гостите со 30:35, иако Минесота во неколку наврати достигнуваше и +27, што навистина не се очекуваше пред почетокот на мечот.
Во четвртата четвртина немаше драма, Минесота цело време имаше двоцифрена предност и лесно го приведе мечот до крај, за да поведе во серијата.
Најефикасен поединец на натпреварот беше Лука Дончиќ со 37 поени, осум скока и само една асистенција, но изостана вистинската поддршка од соиграчите. Леброн Џејмс беше запрен на само 19 поени, додека Остин Ривс имаше 16.
Во тимот на Минесота се истакна Џејден МекДаниелс со 25 поени и девет скока, Наз Рид постигна 23 поени, а Ентони Едвардс имаше 22 со осум скока и девет асистенции.
Во серијата оди и Њујорк, кој на домашен терен го совлада составот на Детроит со 123-112. Њујорк со импресивна игра во последната четвртина, дојдоа до оваа победа. После првите две четвртини главно се играше во „егал“, а потоа Детроит ја доби третата четвртина со +10 (26-36). Меѓутоа во финишот од мечот Њујорк направи одлична серија, го доби последниот период со 40-21, и славеше триумф.
Брансон со 34 поени ги предводеше домашните до победа, додека Харис кај Детроит постигна 25 поени.
НБА, РЕЗУЛТАТИ (ПЛЕЈ-ОФ)
ЛА Лејкерс – Минесота 95-117
Њујорк – Детроит 123-112
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА