Дончиќ: Не се каам што играв за Словенија

Лидерот на словенечката репрезентација, Лука Дончиќ е разочаран со тоа што не успеа да се избори за настап на Летните олимписки игри во Париз, по вчерашниот пораз од Грција, но вели дека не се кае што дошол да игра за Словенија.

„Беше ова лош турнир за нас, не успеавме. Моја е одговорноста, преземам се на себе, затоа што јас сум лидер и одговорноста е моја без разлика на се. Секако заедно победуваме и заедно губиме, но мислам дека јас лично со по малку уморен, што секако не смее да биде изговор. Знам дека можам многу подобро“ – вели Дончиќ.

И покрај неуспехот и фактот дека се приклучи на Словенија не долго по НБА финалето, не жали поради сето тоа.

„Не се каам што дојдов да играм за Словенија. Секогаш би играл со овие момци, без разлика за какво натпреварување се работи. Не жалам за ништо. Наша цел беше да победиме, но не успеавме. Сега мора да гледаме кон Европското првенство. Навистина не жалам што залудно си скратив дел од одморот“ – дополнува Лука Дончиќ.

Се вчитува...