Дончиќ нема намера да замине од Лос Анџелес

Една од причините поради која Лука Дончиќ беше трејдуван од Далас, како што наведе раководството на клубот беше и стравот од одбивање нов договор на словенечкиот кошаркар. Дончиќ јасно стави дознаење дека тоа немало да биде случајот па својата верност сега ќе ја докаже кон новиот клуб Лос Анџелес Лејкерс.

Според информациите на ЕПСН ова лето Словенецот ќе потпише пет годишен договор со еден од најтрофејниот американски кошаркарски клубови вреден 229 милиони евра.

Откако пристигна во „Ел-еј“, Дончиќ се наметна како клучен дел од тимот настапувајќи на 33 натпревари во регуларниот дел и плеј-офот постигнувајќи просек од 28.5 поени, 7.9 скокови, 7.3 асистенции и 1.5 украдени топки по натпревар.

Се вчитува...