Дончиќ отсутен, Ривс феноменален успешно го замени, Леброн се појави на најважното… (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа како гости кај Торонто Репторс со 120-123, во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Лука Дончиќ, кој е во Словенија, каде што тој и неговата сопруга го очекуваат своето второ дете, не беше на теренот. Него соодветно го компензираше Остин Ривс, кој забележа дури 44 поени, 10 асистенции и пет скока и со тоа стана третиот „езерџија“, по Словенецот и Коби Брајант, кои израмнија три такви натпревари.

Леброн Џејмс не беше расположен. Тој постигна осум поени (4/17 од поле, 0/5 за три), а имаше уште 11 асистенции и шест скока. Сепак, на крајот имаше асистенција за триумф.

Кај Торонто се истакнаа Скот Барнс со 23 поени, 11 скока и девет асистенции, и Брендон Инграм со 20 поени, седум скока и исто толку асистенции.

Лејкерси се втори на Западот со скор од 16-5, додека Репторс се трети на Истокот со ефект од 15-8.

НБА лига:
Сиксерс – Вориорс 99-98
Визардс – Селтикс 101-146
Нетс – Џез 110-123
Рапторс – Лејкерс 120-123
Пеликанс – Тимбервулвс 116-125

Се вчитува...