Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ги изрази своите впечатоци по победата на Лос Анџелес Лејкерс над Минесота во вториот натпревар од плеј-офот (94-85).
Лука Дончиќ имаше одлична партија и постигна 31 поен, забележа 12 скока и запиша девет асистенции. Тој јасно посочи дека на Лејкерси им треба исто ниво во следните натпревари доколку сакаат да ја минат Минесота.
„Одигравме многу добро во текот на целиот натпревар. Почнавме агресивно и успеавме да одржиме високо темпо. Бев добар во одбраната, но тимот многу ми помогна. Важно е сите пет играчи на теренот да играат добро. Мора да останеме на високо ниво за следниот натпревар. Во Минеаполис ќе биде војна. Навивачите ќе навиваат како луди. Без разлика на се, не смееме да паничиме“, заклучи Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА