Дончиќ по дебито за Лејкерс: Одамна не сум имал толку трема

Дебито на Лука Дончиќ во дресот на Лос Анџелес Лејкерс не помина со голем стил, што и самиот призна дека му било малку непријатно и нервозно.

По трејдот, Дончиќ го одигра првиот натпревар во дресот на езерџиите против екипата на Јута. Во своето деби во новиот клуб постигна 14 поени, забележа пет скока и четири асистенции, додека ЛА го разнесе противникот за шеста последователна победа (132-113).

„Бев малку нервозен. Тоа не ми се случило пред натпревар долго време. Не сум играл долго време. Ова е нов тим за мене. Но, беше забавно на паркетот. Ова е нов тим, се е ново. Го сакам начинот на кој ми помогнаа – моите соиграчи, Роб, Џини … Чувствував голема поддршка. Беше очигледно… Кога дојдов во салата ги видов сите дресови на ‘Лука’. Надреално чувство за мене“, изјави Дончиќ. 

Се вчитува...