Дончиќ: Подобро да не зборувам за судиите, имаше преголемо непочитување кон нас…

Лука Дончиќ одигра уште еден извонреден меч на Евробаскет 2025, но и тоа беше недоволно за Словенија да го земе скалпот на светскиот шампион во четвртфиналето од овој европски шампионат.

Словенецот по натпреварот изрази гордост на изданието на својот тим, давајќи свој коментар и за судиите поради кои од самиот старт на третата четвртина играше со четири лични грешки.

„Подобро за сите е ако не влегувам во детали а судењето. Во втората минута добив техничка грешка затоа што викнав „ало“… Тоа не смее да се случува, сепак е четвртфинале, влогот е огромен, не може да давате техничка на стартот ако претходно не сте го опоменале играчот. Потоа, за првпат добив четврта лична грешка на самиот почеток од третата четвртина, такво нешто ми се случи првпат во животот… Тоа е се што ќе кажам, искрено жалам што јас лично не одиграв подобро во последната четвртина, имав изнудени шутеви, лоши одлуки во одредени, тоа е она за што жалам“, истакна Дончиќ.

Словенија го почна шампионатот со два пораза, но одигра одлично до самиот крај вклучувајќи го и синоќешното четвртфинале.

„Верувавме дека можеме да победиме, го покажавме тоа и со играта. Што им реков на момците? Секоја чест на секој од нив, од првиот до последниот. Сакавме да стигенме што подалеку, се боревме за секоја топка… се говореше за нас со големо непочитување по оние два пораза на стартот, но не се откажавме, се боревме за секоја топка…. Во моментов сум разочаран од поразот, но за неколку дена ќе бидам горд на сето она што го остваривме на овој шампионат“, прокоментира Лука Дончиќ.

Се вчитува...