Далас Маверикс ја совлада Минесота Тимбервулфс во првиот натпревар од „реприза“ од финалето на Источната конференција од минатата сезона во НБА.
Натпреварот заврши 120:114 за гостинската екипа со настапот на Кајри Ирвинг и придонесот на Лука Дончиќ во последната четвртина.
Ирвинг постигна 16 поени во третата четвртина и вкупно 25 во втората половина од своите 35 поени. Во третата четвртина Маверикс започнаа пресврт и дојдоа до водство кое не го испуштија до крајот.
Дончиќ постигна 24 коша, од кои 11 во последниот дел, но повторно имаше многу проблеми со шутот. Погоди 10/27 од поле, а 1/8 од тројки. Во последниот натпревар на Далас, во победата против Јута Џез, шутираше само 1/9 од тројка, а вкупно 5/22 од поле.
Единствената тројка што ја упати синоќа беше неверојатна во третата четвртина. Никеил Александер-Вокер играше одбранбено врз него, а Дончиќ направи чекор назад и речиси од центар на теренот погоди во кошот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА