Дончиќ полуде на тајм-аут и удри со пцовки по соиграчите (ВИДЕО)

Кошаркарите на Словенија се пласираа во четвртфиналето на Евробаскетот во Рига откако вчера во осминафиналето ја победија Италија со 84-77.

Најзадолжен за големата победа на Словенија беше феноменалниот Лука Дончиќ, кој го заврши натпреварот со 42 поени, а само во првата четвртина постигна 22 поени, двојно повеќе од целиот италијански тим.

Дончиќ е главен лидер во словенечката репрезентација, има авторитет и го води својот тим на најдобар начин, а денот по натпреварот сите говорат за неговата реакција за време на тајм-аутот.

„Водиме со седум поени, смирете се сите да ве е*ам! Непотребно сте нервозни. Концентрирајте се, не треба да се расправаме едни со други, играме против нив, а не едни против други“, изјави Дончиќ. 

Се вчитува...