Дончиќ повторно испиша историја во НБА

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, и натаму продолжува да ги воодушевува љубителите на НБА со одличните партии на паркетот, а сега успеа одново да се запиша во историјата на најсилното кошаркарско првенство во светот.

Далас со 142-124 лесно го совладаа Детроит, и тоа благодарение на брилијантниот Дончиќ, кој од натпревар во натпревар е се подобар.

Дончиќ урна еден рекорд, со тоа што стана првиот НБА играч кој дојде до шестиот трипл-дабл учинок во низа, и тоа со повеќе од 30 постигнати поени.

Словенецот имаше 39 поени, десет скока и десет асистенции, со тоа го надмина Расел Весбрук од сезоната 2016/17 кога имаше пет трипл-дабл учинок во пет меча во низа.

Се вчитува...