Дончиќ: Пред да дојдам во Лејкерс не верував во едно нешто, но сега…

ЛА Лејкерс ја продолжија победничката серија на шест тирумфи во низа откако изминатата вечер славеа над градскиот ривал Клиперс со 108-102 благодарение на нова одлична партија на Лука Дончиќ кој постигна 29 поени и забележа девет асистенции.

Словенечкиот ас имаше интересна изјава по средбата велејќи дека на почетокот не верувал дека другите тимови имаат посебна мотивација кога играат против ЛА Лејкерс, но сега го почувствувал тоа.

„Не ми се веруваше на почетокот, но и некој да е надвор од теренот подолго време, се враќа и игра најдобро против Лејкерс. Не верував на почетокот, но сега ми е нормално“, изјави Дончиќ.

Се вчитува...