Дончиќ: Пред спектаклот во „Стожице“ на кафе со Јокиќ

Љубљана се подготвува за спектаклот во „Стожице“ од 20 часот и 15 минути каде силите ќе си ги одмерат Словенија со Лука Дончиќ и Србија со Никола Јокиќ. Натпреварот на поранешните југословенски држави со фокусот на НБА ѕвездите предизвика голем интерес во јавноста, а картите беа експресно продадени.

Во пресрет спектаклот за медиумите говореше Лука Дончиќ кој е одличен пријател со двократниот МВП на НБА лигата. Словенецот со нетрпение го очекува натпреварот, но пред истиот ќе се напие кафе со Србинот.

„Се радувам на натпреварот кој ќе биде пред полни трибини. Србија има исклучително силен тим, така да ова ќе биде тежок предизвик за нас. Колку е подобар противникот од спортивната страна, толку ќе биде подобра и подготовката за големото натпреварување. Едвај чекам да играм против Јокиќ. Тој е неверојатен играч. Го почитувам и како личност. Ќе пиеме кафе пред натпреварот“, вели Дончиќ.

Говорејќи за ривалите на престојниот Евробаскет, Дончиќ вели дека конкуренцијата е голема, но и Словенија цели на златен медел.

„Србија е сигурно еден од кандидатите за медал. Но, тука има и други многу силни екипи. Литванија, Франција, Италија, Грција. Ќе биде интересно. И нас целта ни е медал. Златен медал. Кога одам на едно натпреварување сакам да победам. Има притисок, но со него е убаво да се живее. Пред пет години никој не сметаше на нас, а сега сме во кругот на фаворити. Ќе видиме каков ќе биде расплетот“, додава асот на Далас.

Се вчитува...