Дончиќ разочаран: Ја предадов државата и сите луѓе кои навиваа за нас

Словенија претрпе шокантен пораз од Полска во четвртфиналето од Евробаскет 2022, со што актуелниот европски првак предвреме ја заврши одбраната на трофејот на овој шампионат.

Лука Дончиќ играше маестрално цело првенство, но синоќа беше под потребното ниво, промашувајќи важни шутеви, но и добивајќи пет лични грешки пред самиот финиш на дуелот. Најдобриот словенечки кошаркар по натпреварот ја презеде врз себе одговорноста за шокантниот пораз.

„Честитки за кошаркарите на Полска, кои одиграа извонреден меч од првата до поледната минута. Ние не одигравме како што сакавме, немавме вистинска енергија на теренот. Јас прв не бев на потребното ниво и ја преземам одговорноста. Ја разочарав државата, го разочарав народот и сите оние луѓе кои навиваа за нас, правејќи глупави грешки. Имав проблеми со повредата, примив инјекција пред почетокот на третата четвртина, но тоа не смее да биде никако оправдување. Мораме да увидиме каде грешевме и во иднина да бидеме уште подобри“, изјави Дончиќ.

Се вчитува...