Лука Дончиќ го водеше Далас Маверикс до вториот триумф сезонава во победата над Хјустон Рокетс на домашен терен од 116-106.
Словенецот натпреварот го заврши со 26 поени, 14 скока и седум асистенции. Кај поразените Ерик Гордон уфрли 22 поени.
Лос Анџелес Лејкерс без услугите на Леброн Џејмс во крајно интересен натпревар славеа над Сан Антонио Спурс по продолженија со 121-125. Ентони Дејвис со 35 поени и Расел Вестбрук со 33 беа најефикасни кај гостите, додека кај Спурс, Џејкоб Поетл заврши со 27.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда Њујорк – Филаделфија 112-99, Оклахома – Голден Стејт 98-106 и Јута – Денвер 122-110.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

