Кошаркарите на Минесота тимбервулвс некако успеаја да стигнат до победа над Далас маверикс од 99-105 во вториот натпревар од Божиќната празнична програма во НБА лигата.
Иако, Маверикс останаа без Лука Дончиќ поради повреда на листот уште во втората четвртина, и иако во третиот период Минесота имаше и плус 28, домаќините предводени од Кајри Ирвинг успеаја да го внесат мечот во неизвесна завршница.
Сепак, на крајот гостите успеаја да ја задржат предноста и да слават со конечни 99-105. Ентони Едвардс со 26 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Кајри Ирвинг постигна 39 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА