Дончиќ: Сите во Лејкерс веруваме дека годинава ќе бидеме шампиони

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја најави плејоф серијата против Минесота Тимбервулфс.

Дончиќ во сабота ќе ја започне својата прва плејоф серија како член на ЛА Лејкерс. Дончиќ пред дуелот со Минесота во првото коло ја истакна главната цел на својот тим – освојување на титулата.

„Секако, тоа ќе биде нашата единствена цел. Мислам дека имаме доволно добар тим за тоа. Кога сите сме фокусирани, тешко е да не победите. Хемијата е добра, па сигурен сум дека имаме шанси“, изјави Дончиќ.

Дончиќ веќе одигра 28 натпревари за Лејкерси откако пристигна од Далас и имаше просек од 28,2 поени, 8,1 скока и 7,5 асистенции.

Се вчитува...