Лука Дончиќ го предводеше Далас до 25 победа во сезоната реализирајќи дабл-дабл учинок проследен со 34 поени и 12 скока на кој додаде и 7 асистенции за триумф од 115-90 против Мајами. Тимот од Флорида го предводеше Виктор Оладипо со 20 поени и 2 асистенции.
Никола Јокиќ не беше на паркетот за Денвер, но и покрај отсуството на српскиот интернационалец Денвер успеа да забележи победа од 134-111 против Индијана. Гордон со 28 поени, 6 асистенции и 5 скока беше прво име кај победникот, додека 19 поени за Пејсерс реализираше Матурин.
Лос Анџелес Лејкерс стави крај на серијата од 11 поени во низа на Мемфис откако во драматична завршница славеше со 122-121. Расел Вестбрук беше лидер на домаќините со 29 поени и 6 асистнеции, додека гостите ги предводеше Морант со 22 поени и 8 асистенции.
Oстанати натпревари:
Орландо – Њу Орлеанс 123-110
Атланта – Њујорк 139-124
Кливленд – Голден Стејт 114-120
Сан Антонио – Клиперс 126-131
Јута – Бруклин 106-117
Сакраменто – Оклахома 118-113
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

