Дончиќ со магична асистенција: Двајца пред Леброн, не е проблем (видео)

Лука Дончиќ уште еднаш потврди зошто важи за еден од најдобрите кошаркари со маестралното издание на дуелот со Мемфис, на кој Словенецот беше најдобар стрелец, но најубав потег му беше асистенцијата во првата четвртина.

Лука ја зеде топката на сопствената половина и го забележа Леброн Џејмс како тргнува во противничкиот рекет…. пред Џејмс имаше двајца гостински кошаркари, но тоа не беше проблем за Дончиќ кој со милиметарски прецизен „пас“ преку нив го пронајде својот соиграч.

Погледнете ја оваа кошаркарска мајсторија на словенечката суперѕвезда во дресот на ЛА Лејкерс…

Се вчитува...