Дончиќ со моќна партија ги водеше Лејкерс до победа над Никс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ја забележаа и втората победа во низа без Леброн Џејмс, откако синоќа славеа на домашен терен против Њујорк никс со 97-110.

Во победничкиот табор повторно неверојатен беше Лука Дончиќ кој натпреварот го заврши со 35 поени, надополнети со осум скока и четири асистенции. Кај поразените Карл Ентони Таунс постигна 25 поени, додека со еден помалку заврши Џејлен Брансон.

Се вчитува...