Дончиќ со монструозен трипл-дабл (видео)

Лука Дончиќ одигра уште еден меч за паметење во дресот на ЛА Лејкерс, предводејќи ги „езерџиите“ до голема победа на остувањето против Јута од 135-146. Словенецот одигра меч за паметење, реализирајќи трипл-дабл од 45 поени, 11 скокови и 14 асистенции, зачинети со пет украдени топки, со што стана прв играч на Лејкерс по 1981 година што остварил трипл-дабл со над 40 постигнати поени.

Оклахома Сити останува тим со најдобар скор во лигата (25-2) откако актуелниот првак експресно се опорави од поразот од Сан Антонио, рутински славејќи над ЛА клиперс со 122-101. Гилџус Александер беше главна фигура и на овој дуел постигнувајќи 32 поени, 7 скокови и 6 асистенции.

Кризата на Милвоки се продлабочи со домашниот пораз од Торонто од 105-111, четврти неуспех на бакси на последните пет меча во НБА-лигата. Инграм го предводеше Торонто со 29 поени, додека кај Милвоки во отсуство на повредениот Адетокумбо најефикасен беше Портис со дабл-дабл од 24 поени и 12 скокови.

Резултати НБА:

Шарлот – Атланта 133-126, Индијана – Њујорк 113-114, Бруклин – Мајами 95-106, Милвоки – Торонто 105-111, Њу Орлеанс – Хјустон 133-128 (по прод.), Оклахома Сити – ЛА Клиперс 122-101, Сан Антонио – Вашингтон 119-94, Далас – Детроит 116-114 (по прод.), Денвер – Орландо 126-115, Феникс – Голден Стејт 99-98, Јута – ЛА Лејкерс 135-143, Портланд – Сакраменто 134-133 (по прод.).

Се вчитува...