Дончиќ со нов „трипл-дабл“, за историја во НБА минувајќи ги Чембрлен и Новицки (ВИДЕО)

Далас триумфираше со 120-131 на гостувањето против Портланд во синоќешниот натпревар од НБА лигата благодарение само на извонредната партија на словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ.

Дончиќ запиша „трипл-дабл“ од 40 поени, 12 скока и 10 асистенции, а Далас дојде до петта победа во последните шест меча и сега е трет на табелата на Западот со скор од 16-9.

На Дончиќ сериозно му помогнаа и Хардавеј со 25 поени како и Данте Егзум со 18 поени, колку и Џонс.

Дончиќ со овој свој учинок запиша уште една историја за НБА лигата, минувајќи го и легендарниот Вилт Чембрлен на списокот на кошаркари со најмногу „трипл-дабл“ ефекти со минимум 40 поени. Дончиќ сега има осум, а пред него се Оскар Робертсон, Џејмс Харден и Расел Вестбрук. Словенецот го мина и Дирк Новицки по бројот на одиграни мечеви со плус 35 поени за Далас. Дончиќ веќе во својота шеста година во лигата успеа да го надмине Новицки кој има 78 мечеви со плус 35 поени.


Се вчитува...