Далас Маверикс е на победа од пласман во големото НБА финале откако тимот од Тексас на крилја на фантастичните Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг славеше и во третиот натпревар против Минесота поведувајќи со 3-0.
Словенечкиот кошаркар на пресконференцијата за медиуми по средбата говореше за натпреварот и следните предизвици, а имаше и пофални зборови за искусниот американски бек.
„Не знам што да кажам. Чувството е неверојатно. Мораме да размислуваме за следниот натпревар, мора да играме со ист менталитет. Тие нема да заминат, нема да се предадат. За тоа нема шанса. Мораме добро да се подготвиме за следниот натпревар“, изјави Дончиќ кој потоа говореше и за неговиот соиграч Кајри Ирвинг.
„Затоа некои луѓе го нарекуваат „Господин четврта четвртина“ зарем не? Тој е роден за оваа ситуација. Тој е роден за одлучните моменти под притисок. Така да само му ја даваме топката и го пуштаме. Неверојатно е да го имаме во тимот. Само учам од него секој ден, секогаш е позитивен. На последниот посед му реков дека сум уморен како гомно, а тој само ми врати дека тоа така треба да биде. Донесе мир и зрелост во овој тим, за мене особено“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА