Дончиќ со трипл-дабл и донесе прва победа на Словенија, Грузија беа одговор за Јанис

Словенија остана во игра за пласман во втората групна фаза на Евробаскетот откако го забележа првиот триумф на континенталниот собир совладувајќи ја Белгија со убедливи 86-69 на крилја на неверојатниот Лука Дончиќ кој забележа трипл-дабл учинок.

НБА ѕвездата постигна 26 поени, 10 скокови и забележа 11 асистенции со кои беше најдобриот кошаркар на теренот. 15 поени за Белгија постигна Ван Вилет.

Со овој триумф Словенија ја престигна токму Белгија на четвртата позиција на табелата, последното место кое води во следната фаза.

За разлика од Словенците кои ја забележаа првата победа, Грција стигна до триумфот број три со убедлива победа над Грузија од 53-94 во натпревар во кој доминираше Јанис Адетокумпо со 27 поени и осум скокови за 25 минути поминати во игра.

Се вчитува...