Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се надева дека неговиот тим ќе успее да избори пласман на Олимписките игри, бидејќи тоа би било остварување на сонот.
Словенците се пласираа во финалето на квалификацискиот турнир, по триумфот над Венецуела од 98-70, на кој Дончиќ придонесе 23 поени и 13 асистенции.
„Би било неверојатно да одам на Игрите, реален сон. Не само за мене, туку и за цела Словенија. Ја чувствуваме поддршката од народот и се надевам дека ќе можеме да ги направиме среќни нашите сограѓани“, изјави кошаркарот на Далас Маверикс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА