Дончиќ уште се загрева, Јокиќ по навика до нов трипл-дабл

Лука Дончиќ во вториот меч го претрпе својот прв пораз како член на ЛА лејкерс откако „езерџиите“ рано утрово загубија на гостувањето од Јута џез со 131-119. Одбраната на ЛА лејкерс делуваше катастрофално, а во нападот повторно изостана очекуваниот ефект од Дончиќ, кој го заврши мечот со 16 поени и 4 асистенции. Ниту еден играч на гостите немаше 20 или повеќе поени, најефикасен беше Хачимура со 19, додека главни фигури во таборот на Јута беа Марканен со 32 поени и Кларксон со 21 поен зад своето име.

Далас стигна до победа на домашен терен над Голден Стејт во меч во кој блескаше Кајри Ирвинг со 42 поени, додека Стеф Кари реализираше 25 поени за поразениот тим.

Никола Јокиќ оствари нов трипл-дабл, реализирајќи 26 поени, 15 скока и 10 асистенции во победата на Денвер над Портланд од 132-121. Сепак, главна ѕвезда на натпреварот не беше српскиот центар туку Џамал Мареј, кој го заврши мечот со фантастични 55 поени и 5 асистенции.

Резултати НБА:

Бостон – Сан Антонио 116-103, Орландо – Шарлот 102-86, Вашингтон – Индијана 130-134 (по прод.), Бруклин – Филаделфија 100-96, Њујорк – Атланта 149-148 (по прод.), Торонто – Кливленд 108-131, Чикаго – Детроит 110-128, Минесота – Милвоки 101-103, Њу Орлеанс – Сакраменто 111-119, Оклахома Сити – Мајами 115-101, Хјустон – Феникс 119-111, Денвер – Портланд 132-121, Јута – ЛА Лејкерс 131-119, Далас – Голден Стејт 111-107, ЛА Клиперс – Мемфис 128-114.

Се вчитува...