Милвоки Бакс убедливо ги совлада ЛА Лејкерс, славејќи со 126-106 изминатава ноќ во еден од натпреварите во НБА лигата.
Немаше неизвесност, бидејќи Бакс во третата четвртина имаа и предност од +20, што на крајот беше и конечната разлика и покрај најдоброто издание на Лука Дончиќ од доаѓањето во „Градот на ангелите“.
Словенецот постигна 45 поени, што е негов рекорд откако стана член на Лејкерс, а имаше и 11 скока.
Во првото полувреме постигна 29 поени, но во вториот дел „забави“ и Милвоки без поголеми проблеми ја заврши работата и славеше. Заедно со него, Остин Ривс постигна 28 поени, додека Леброн Џејмс не ни играше.
Во победничкиот табор, Јанис Антетокумпо постигна 24 поени со 12 скока и девет асистенции. Брук Лопез додаде 23 поени, а Демијан Лилард и Кевин Портер по 22.
Лејкерси сега се на четвртото место на Запад со 40-24, додека Милвоки е четврти на Истокот со 37-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

