Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е избран во најдобрата петорка од НБА лигата за сезоната 2019/20.
Членот на Далас маверикс доби огромно признание веќе во својата втора НБА сезона сместувајќи се во друштво на најголемите кошаркарски ѕвезди. Дончиќ во првата петорка е заедно со Џејмс Харден, Леброн Џејмс, Јанис Адетокумбо и Ентони Дејвис.
Регуларниот дел од сезоната Словенецот го заврши со просек од 28,8 поени, 9,4 скока и 8,8 асистенции.
Congratulations to the 2019-20 All-NBA First Team! ⭐️ pic.twitter.com/rGYCKdjT8K
— NBA TV (@NBATV) September 16, 2020
Во вториот најдобар тим за сезоната 2019/2020 се најдоа Крис Пол, Демијан Лилард, Кавај Ленард, Паскал Сиакам и Никола Јокиќ. Во третата најдобра петорка, пак, се Бен Симонс, Расел Вестбрук, Џими Батлер, Џејсон Татум и Руди Гобер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА