Најталентираниот играч во европската кошарка, 19-годишниот Словенец Лука Дончиќ од следната сезона најверојатно ќе продолжи во НБА лигата. Иако викендов во фокусот на вниманието е Ф4 турнирот во Белград на кој Дончиќ со Реал ќе во полуфиналето против ЦСКА Москва ќе се бори за европско финале, сепак неодминлива е и темата за неговата НБА кариера и за претстојниот драфт на кој ќе биде и Лука Дончиќ.
Веќе е познато дека на драфтот на 21 јуни прв ќе бира Феникс на чија клупа од пред неколку дена е поранешниот селектор на Словенија, Игор Кокошков.
„Не се изненадив кога Игор стана тренер на Феникс, знам каков е и не само што знае кошарка, туку и што ни зборува надвор од теренот… Не сум изненаден, ова е супер за него и тоа ќе биде многу добра соработка“ – вели Дончиќ.
Но, освен можноста талентираниот словенечки кошаркар да се најде повторно во тандем со Кокошков доколку Феникс го пикира во првиот избор, Дончиќ ја откри и втората можна опција – да заигра во тимот на Владе Дивац, Сакраменто кингс кои бираат втори.
„Сите ме прашуваат за НБА драфтот, тоа ќе биде после, сега сме на Ф4“ – одговори Дончиќ на интересот на медиумите, но потоа го откри интересот од Сакраменто.
Кингси ќе бираат втори на дравтот и нема да биде избненадување ако Владе Дивац и неговите соработници одлучат да го „драфтуваат“ токму Словенецот, се разбора, под услов тоа да го испушти Кокошков.
„Богдан Богдановиќ ми напиша „можеби ќе бидеш втор пик и доаѓаш во кингси. Но, не се знае ништо“ – откри Лука Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА