Дончиќ во проблеми: Далас бара итно да ослабе! (ВИДЕО)

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ мораше на итен разговор со клучните луѓе на клубот поради своите проблеми со тежината.

Далас бара од Дончиќ итно да ослабе ова лето, затоа што веќе ги минува границите на регуларната тежина.

Па, сега по социјалните мрежи константно може да се пронајдат видео-снимки од напорните тренинзи на Лука. Дончиќ од Олимписките игри се врати во Далас со 118 килограми, а за него идеалната тежина е околу 104 килограми, според податоците од Далас.

Дончиќ во моментов се подготвува за Мундобаскетот со Словенија, па се очекува, сепак, да биде во врвна форма на почетокот од НБА сезоната.

Се вчитува...