Дончиќ за исвиркувањата во Феникс: „Мене тоа ме забавува, сакам да играм во таква атмосфера“

Кошаркарите на Далас го совладаа тимот на Феникс во последниот натпревар во НБА божиќната програма со 128-114. Одлична паритја одигра словенечкиот ас Лука Дончиќ, кој постигна 50 поени во победата на својот тим, и со нив влезе во историјата на НБА со над 10.000 постигнати поени.

Ова му беше најдобриот натпревар во актуелната сезона. Згора на тоа, Дончиќ запиша и 15 асистенции, шест скока и четири украдени топки. Публиката го исвиркуваше, а тој после натпреварот им одговори.

„Искрено, ме забавува кога играм на вакви гостувања, кога публиката вака се однесува. Тогаш постигнувам кош, и веднаш настанув молк. Е, тоа е најдоброто чувство на светот“, рече Дончиќ.

Се вчитува...