Словенија многу потешко од очекувањата триумфираше на гостувањето против Шведска (), дуел што мина во знакот на Лука Дончиќ. Асот на Далас беше незапирлив за шведските кошаркари,но потоа направи огромна грешка при „плус еден“ (81-84) на десетина секунди до крајот, кога наместо да ја држи топката кај себе фрли погрешно додавање и им подари на домаќините шанса за победа.
За среќа на Лука, обидот на шведските кошаркари беше неуспешен, па токму тој од линијата за слободни фрлања стави печат на победата, во која имаше придонес од 31 поен, 10 скокови и 6 асистенции.
Одличен меч за Словенија одигра и Горан Драгиќ, искусниот плејмејкер погоди клучни шутеви во последните две минути и не дозволи сензација во Стокхолм, за вкупен придонес од 20 поени.
Победата на Словенија ја остава во живот Хрватска, која со триумф вечерва на домашен терен над Финска ќе ги скокне Швеѓаните на табелата и ќе се пласира во следната квалификациска рунда за СП 2023.
Luka Doncic is pretty good at basketball 🤷♂️#FIBAWC | #WinForAll pic.twitter.com/vVoaZ1z9Ql
— FIBA Basketball World Cup (@FIBAWC) July 3, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

