Доне Ристовски ќе суди на Европското првенство во футсал во Хрватска

Судиската  фудбалска организација на Македонија има тројца меѓународни футсал судии, Јосип Бартон, Марјан Младеновски и Доне Ристовски,  кои согласно својот квалитет во континуитет се делегирани на најквалитетните натпреварувања во Европа.

Најискусниот Јосип Бартон од судиската комисија на УЕФА е одреден да суди на квалификацискиот турнир за Лигата на европските шампиони кој ќе се одржи во Бугарија, во Софија од 22. до 27. август. На турнирот ќе учествуваат прваците на Бугарија, Шведска, Австрија и Израел.

Доне Ристовски ќе биде еден од 16 европски судии кој ќе суди, пак, на Европското првенство во футсал, играчи до 19 години што ќе се одржи во Пореч, Хрватска од 3. до 10. септември. Ристовски е меѓународен судија во футсал од 2019 година и досега има судено 32 меѓународни натпревари. Во Пореч ќе учествуваат осум репрезентации поделени во две групи, Португалија, Италија, Украина, Шпанија, Хрватска, Словенија, Финска и Франција.

/М.М/

Се вчитува...