Раководството на Манечестер Јунајтед не планира да го отпушти Оле Гунар Солскјер доколку загуби од Ливерпул, пренесуваат англиските медиуми. И покрај очајниот старт на сезоната кој го има тимот од „Олд трафорд“ раководните лица се уште имаат доверба во Норвежанецот кој го води тимот во една од најлошите сезони во историјата на клубот.
Во клубот се подготвени да издржат во намерата на подмладување на тимот и поради тоа се подготвени да ги прифатат сите замисли кои ги има норвешкиот стратег. Наводно веќе се работи на доведување на нови фудбалери во тимот, а најзаинтересирани се за Рајс од Вест Хем и Санчо од Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА