Во услови на големи шпекулации околу иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, се поизвесно е дека тој ќе остане без својот верен помошник во клубот. Се тврди дека неговиот син Давиде Анчелоти и дефинитивно донел одлука по крајот на сезоната да си замине од таборот на „кралевите“.
Анчелоти Јуниор започна да работи во стручниот штаб на Карло Анчелоти првично како фитнес тренер во ПСЖ во 2012 година. Постепено добиваше поважни улоги под водство на неговиот татко, и потоа беше со него и во Евертон и во Наполи. По враќањето на Дон Карло во Реал Мадрид, му ја довери улогата на помошник менаџер.
Според информациите на „Атлетик“, Давиде Анчелоти има намера да го напушти Реал Мадрид, и 35-годишниот стручњак за започне самостојна кариера. Исто така се тврди дека ова би можело да значи потенцијална разделба и на неговиот татко со „кралевите“ и преземање на кормилото на Бразил за идното Светско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА