Фудбалерот на најтрофејниот македонски клуб Вардар, Данел Донгмо е пред трансфер во романскиот шампионат каде има понуда од Петролул Плоешти.
Донгмо беше еден од подобрите фудбалери на Вардар во квалификациите на Конференциската лига, но и на стартот на новата сезона во ПМФЛ, а неговите игри беа забележани и од романскиот тим.
Донгмо нема пасош од земја на ЕУ, и ќе му треба одреден временски период за да ги комплетира документите, пишуваат романските медиуми, но сепак како што пишуваат Романците мечот со Тиквеш беше негов последен во дресот на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

