Донгмо: Вардар сака да победи и во реваншот против Ла Фиорита

ЕКИПА во Сан Марино
Горан Бошев

Предноста на Вардар од 3-0 по првиот меч со Ла Фиорита, им ги отвори „портите“ на „црвено-црните“ за пласман во 2. коло во Лигата на Конференции. Сега следува реваншот, на кој треба само да се доврши започнатото, и да се оди на мегдан со Лозана од Швајцарија.

Фудбалерот на „црвено-црните“ Данел Донгмо е полн со оптимизам пред утрешниот меч.

„Победивме со 3-0 во првиот меч и тоа е добар капитал пред утрешниот меч. Дојдовме тука да победиме. Ги респектираме, но секако ќе одиме на победа. Атмосферата во тимот е одлична, зборуваме цело време како ќе победиме и се надевам дека ќе го оствариме тоа“, изјави Донгмо. 

Се вчитува...