Дони ван де Бек конечно ќе го напушти „Олд трафорд“

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Дони ван де Бек до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот од „Олд трафорд“. Поранешниот фудбалер на Ајакс кој по доаѓањето во Англија не се снајде најдобро конечно би можел да ја промени средината.

Холандските медиуми пренесуваат дека неколку клуба од Премиер-лигата се заинтересирани за неговите услуги. Њукасл е прв во редот, а покрај него за услугите на младиот Холанѓанец се заинтересирани и Вулверхемптон и Евертон.

Ван де Бек од почетокот на сезоната одигра вкупно само 380 минути во сите натпреварувања постигнувајќи само еден гол.

Се вчитува...