Донован го повлече целиот тим поради навреди на сексуална основа

Тренерот на Сан Диего Лојал, Лендон Донован ја изведе целата екипа надвор од теренот откако негов фудбалер доби навреди на сексуална основа. Тој одлучи да ги повлече фудбалерите надвор од теренот откако Колин Мартин доби навреда на сметка на своето сексуално определување. Мартин е еден од ретките фудбалери кои отворено објави дека е геј.

Сан Диего Лојал играше натпревар од УСЛ шампионатот против Феникс Расинг кога среднистот на Жуниор Флемингс наводно го навредил Мартин. Следуваше жестока расправа меѓу Донован, судијата и тренерот на Феникс, Рик Санчез. Сето тоа се случи на крајот на првиот дел. Поради реакциите за наводните навреди Мартин прво доби црвен картон, но потоа картонот беше поништен.

Екипата на Донован се врати на теренот на стартот на вториот дел. Сите фудбалери кратко клечеа, а потоа го напуштија теренот. Донован веќе втор натпревар остро реагира за навреди на неговите фудбалери. Претходно расистички навреди доби Илајџа Мартин на мечот против ЛА Галакси II кој заврши без победник 1-1.

 

 

Се вчитува...